(Видео) Инциденти низ улиците на Мелбурн заради Новак Ѓоковиќ

Низ улиците на Мелбурн се случија неколку инциденти поради одлуката на австралиските власти да не му дозволат на Новак Ѓоковиќ да влезе во земјата.

Голем број луѓе, во најголем број Срби, кои живеат во Австралија, излегоа да му дадат поддршка на најдобриот тенисер.

Ѓоковиќ беше задржан на аеродромот во Мелбурн откако не му беше издадена виза за влез во Австралија. Тој потоа беше сместен во карантин во хотелот „Парк“, каде престојуваат мигранти.

Пред хотелот се собраа голем број луѓе, за да му дадат поддршка. Новинарот Бен Ротенберг сними инциденти пред хотелот меѓу навивачите и луѓето кои протестираа поради односот на австралиските власти кон бегалците.

На снимката која ја објави Ротенберг се гледа како една жена држи транспарент со слоган „Ослободете ги бегалците“.

Таа влезе во расправа со друга жена која го носеше знамето на Србија, а во позадина се слушаа песни од пејачката Тања Савиќ.

Ѓоковиќ избегна итна депортација и се избори да остане во Австралија до понеделник

Scroll to Top