Иванка Данисова, правничка од Братислава е родена со ретко пореметување наречено „Goldenhar sindrom“, поради кој просто не можеле да и се развијат коските на десната страна на лицето.
Докторите на нејзините родители им рекле дека ќерката ќе умре многу млада, но како и многу примери досега, погрешиле.
„Кога ми беше дијагностицирано пореметувањето, не ми даваа многу надеж. Воопшо според лекарите не требаше да преживеам“, потврди таа за Дејли мејл.
„Злобни луѓе и деца често ме исмеваа, но од малечка се видов себе си како дете со визија и цел во животот. И покрај се, низ се што минав, не дозволив на никој да ми застане на патот“, раскажа оваа млада жена.
Таа сега има 30 години и секогаш мора да биде специјално внимателна, бидејќи не слуша на едното уво, никогаш не можела активно да се занимава со спорт. а дури и заболела од аритмија, и во еден момент дијагностицирана и била леукемија. Но, Иванка не се предала.
Отпатувала за Америка на корективна операција на лицето, каде ги имала две, и траеле, првата 20, а втората 11 часа. Во септември повторно се подготвува да отпатува во Америка, на трета, финална операција.
„Се надевам дека третата операција ќе успее и дека засекогаш ќе ми го промени животот. Тоа сега ми е многу важно и ќе биде тежок период за мене, затоа што истовремено се борам за своето лице и против леукемијата, но одлучна сум да победам“, јасна беше таа.