(ВИДЕО) Иванка е родена без половина лице – Цел живот го криела под косата

By
„Кога ми беше дијагностицирано пореметувањето, не ми даваа надеж…“

Иванка Данисова, правничка од Братислава е родена со ретко пореметување наречено „Goldenhar sindrom“, поради кој просто не можеле да и се развијат коските на десната страна на лицето.

Докторите на нејзините родители им рекле дека ќерката ќе умре многу млада, но како и многу примери досега, погрешиле.

„Кога ми беше дијагностицирано пореметувањето, не ми даваа многу надеж. Воопшо според лекарите не требаше да преживеам“, потврди таа за Дејли мејл.

 

Поголемиот дел од животот го минав покривајќи го лицето и криејќи го зад долгата коса, а како малечка често бев жртва на малтретирање од страна на врсниците.

„Злобни луѓе и деца често ме исмеваа, но од малечка се видов себе си како дете со визија и цел во животот. И покрај се, низ се што минав, не дозволив на никој да ми застане на патот“, раскажа оваа млада жена.

Таа сега има 30 години и секогаш мора да биде специјално внимателна, бидејќи не слуша на едното уво, никогаш не можела активно да се занимава со спорт. а дури и заболела од аритмија, и во еден момент дијагностицирана и била леукемија. Но, Иванка не се предала.

Отпатувала за Америка на корективна операција на лицето, каде ги имала две, и траеле, првата 20, а втората 11 часа. Во септември повторно се подготвува да отпатува во Америка, на трета, финална операција.

 

„Се надевам дека третата операција ќе успее и дека засекогаш ќе ми го промени животот. Тоа сега ми е многу важно и ќе биде тежок период за мене, затоа што истовремено се борам за своето лице и против леукемијата, но одлучна сум да победам“, јасна беше таа.

 

Ќе ви се допадне

AnimeDao i want to eat your pancreas animedao: Dragon Ball Super (Dub) Episode 131

GoGoAnime god of highschool gogoanime: Gintama (https://gogoanime.be/m/n2L) Episode 201