(Видео) Избеганата принцеза од Дубаи бара од англискиот суд заштита од малтретирање и присилен брак со шеикот Мухамед

Сопругата на владетеот на Дубаи, јорданската принцеза Хаја побарала од англискиот суд заштита од малтретирање и присилен брак, пишуваат светските медиуми.

Сопругата на шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, јорданската принцеза Хаја, побарала од англискиот суд наредба против малтретирање и налог за заштита од присилен брак, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на судските документи.

Принцезата Хаја бинт ал Хусеин (45), ќерката на покојниот јордански крал Хусеин и полусестра на кралот Абдулах, побарала старателсто над децата.

„Ројтерс“ наведува дека налогот за заштита од присилен брак, според британското законодавство, ќе им помогне на оние, кој некој ги тера на брак или се веќе во наметнат брак.

Агенцијата додава дека засега не е јасно на кого се однесуваат барањата на принцезата Хаја која побегнала во Лондон, откако се дознало дека сопругот ја лажел за затворањето и мачењето на неговата постара ќерка, принцезата Латифа.

Најмладата од шесте сопруги на шеикот, сега е во Велика Британија со 11 годишната ќерка Џалила и 7 годишниот син Зајед и се подготвува за повеќемилионскиот развод и борба за старателство над децата.

Според пишувањата на британските медиуми, таа, откако ја дознала вистината за тоа што нејзиниот сопруг и го направил на сопствената ќерка, се плашела дека истото може да и се случи и на неа.

Ќерката на владетелот на Дубаи, Латифа Мухамед ал Мактум се обиде да го напушти Дубаи со јахта минатата година, но специјалци успеале да ја уапсат набрзо потоа. Таа моментално се наоѓа во затвор.

Таа пред апсењето снимила неколку видеа во кои изјавла дека била мачена и дека две години била во затвор откако како тинејџерка се обидела да побегне.

 

Scroll to Top