Се соблекува, однесува како кобра, долга е околу еден метар, но е целосно безопасна. Позната под научното име Хетерод, претставува род на ендемични змии на подрачјето на северна Америка.
Кога ќе почувствува закана, змијата може да го израмни делот од телото и да се подигне така да изгледа многу слично како кобра. Тогаш почнува да ги изгледа идентично како змиите отровници.
Освен тоа, овој вид на змија има зголемени катници, па изгледа опасно.
Но, нејзиниот загриз е целосно безопасен затоа што нема жлези од кои лачи отров.
Нејзината пљунка е благо токсична, и во ретки ситуации кога ќе гризне човек, најлошите забалежани симптоми се чешање и благ оток на кожата на местото на каснување.
Апсолутно е најинтересна и единствена по тоа што, ако не успее со маскирањето во кобра, да ја истера опасноста, тогаш се преправа дека е мртва.
Се врти на грб, се вкочанува, а некои видови дури почнуваат да испуштаат и непријатен мирис.
Најчесто може да се најде на југоистокот во САД, но поради бојата и наизглед агресивното однесување, луѓето често ја мешаат со ѕвечарка.
Оваа змија поради тоа често е жртва на човечки напади, а особено во пустинските делови на Америка.