Несекојдневен настан бил забележан на патиштата во Канада во кој бил инволвиран камионџија, чие име засега официјалните лица не сакаат да го соопштат во јавност.
Возачот во невнимание се удрил во бандера, а од силината на ударот задниот дел од приколката завршува на кровот на една од куќите покрај патот.
Од полицијата во Онтарио соопштиле дека против камионџијата била поднесена пријава за несовесно возење. Од таму велат дека, за среќа, куќата била празна кога се случил инцидентот.
„Камионот излетал од патот и удрил во бандера. Од ударот задниот дел на камионот се издигнал и паднал на кровот на куќата“, забележал во својот записник полицаецот Мајкл Куломб.