Кина го пушти во сообраќај најбрзиот воз во светот. За негово производство користена е технологија на магнетна левитација MAGLEV и тој може да развие брзина од 600 километри на час. Одбојните магнетни сили меѓу шините и тркалата овозможува тој практично да лебди над нив.
Експертите велат дека во целост успеале да го елиминираат триењето. Тоа овозможува тој да постигне многу поголема брзина од конвенцијалните возови. Патувањето од Пекинг до Шангај со новиот воз трае само 2,5 часа, што е двојно помалку во однос на досегашните возови.
Кина планира возовите MAGLEV да ги вмрежи во целата земја со цел времето на патување меѓу најголемите градови да го скрати на само 3 часа патување.