Вселенската станица „Тијангонг-1“, тешка 8,5 тони, го забрзува својот неконтролиран пад, а нејзиниот контакт со Земјата се очекува да се случи помеѓу 24 март и 19 април, соопштија од Европската вселенска станица.
Оваа станица во вселената е исратена во 2011 година. Станицата е користена за мисии со екипаж и без, а во историјата влезе како првата вселенска мисија на жена астронаут од Кина.
Владата во Пекинг минатата година соопшти дека комуникацијата со станицата е изгубена, а со тоа и контролата врз неа. Поради тоа, таа ќе се сруши на Земјата, а во минатите недели започна да влегува во погустите делови на земјината атмосфера поради што нејзниот пад забрза.
Според пресметките, поголемиот дел од станицата ќе согори во атмосферата, но сепак делови, тешки и до 100 килограми, се очекува да паднат на Земјата. Калкулациите покажуваат дека таа ќе падне во Европа, а според една пресметка тоа ќе биде на Балканот.