(Видео) Кинески научник осуден затоа што создал ГМО бебе

Кинескиот суд го осуди научникот Хе Јианкуи, затоа што го создал првото генетско модифицирано бебе. Џи е осуден на три години затвор, поради илегално практикување на медицината.

Покрај затворската казна, кинескиот научник е осуден и на парична казна од 430.000 долари, пренесува агенцијата „Ксинхуа“. Двајца негови соработници добиле помали казни.

Научникот Хе Јианкуи лани објавил дека со методот на преправање на гените, познат како ЦРИСПР-Цас9, во постапка на медицинско потпомогнато оплодување, успеал да создаде генетски модифицирано девојче, така што во иднина да не се зарази со вирусот ХИВ, со кој бил зарзен нејзиниот татко.

Жанг Ренли е осуден на две години затворска казна, а Квим Жинџоу на 1,5 години, пренесува „Ројтерс“. Тој е осуден пред судот во Шенжен, бидејќи „противзаконски спроведувал постапка на генетски модифициран ембрион во репродуктивни цели“, објави официјалната кинеска агенција.

Три генетски модифицирани бебиња се родени како резултат на тие истражувања. Кинеските власти годинава потврдија дека уште една жена носела дете со модифицирани РНА, освен двете близначки, но раѓањето на тоа дете не е потврдено, пишува АФП. Неговата работа предизвикала голема дебата за етичноста во генетската модификација.

Scroll to Top