(Видео) Кинези изградија десеткатница за 28 часа

Кинеска градежна компанија за 28 часа изгради 10-катница. Деловите од секој спрат биле подготвени во фабрика, а потоа ги пренеле со камион до крајната дестинација, кадде што само  биле монтирани.

„Сите составени делови беа префрлени со камион и беа монтирани на лице место со кранови, во период од само 28 часа и 45 минути. Апартманите веднаш се снабдени со електрична енергија и вода за пиење“, рекол портпаролот на компанијата.

Кинеската компанија Broad Group е позната по своите рекордни градби и во минатото, односно по изградбата на болници, хотели и канцелариски објекти.

Scroll to Top