(Видео) Кошула што е невозможно да се извалка

Веројатно нема човек кој не би се изнервирал ако му се истури храна или пијалак врз омилената кошула, особено ако станува збор за дамка што не се отстранува.

Сега научниците најдоа решение и за ваквиот проблем. Австралиската компанија „Тредсмитс“, која креира облека на иднината, направила маица и кошула на кои течноста апсолутно не им може ништо.

Во прашање е ткаенина што е хидрофобична и од која храна или пијалак буквално само се лизгаат.

Маиците чинат 49 американски долари, поло маиците 59 долари, а кошулите 89 долари.

Scroll to Top