(Видео) Кралицата Елизабета вежба во дворот како да се одбрани од нацистите

Во новиот документарец направен за кралското семејство, може да се забележи како британската кралица Елизабета II се обучувала да се брани во случај на нацистичка инвазија, а користела оружје кое го позајмила од тогашниот премиер Винстон Черчил, пишува „Дејли Мејл“.

Тогаш 14 годишната принцеза Елизабета и нејзината сестра, заедно со нивната мајка кралицата Елизабета Ангела Маргарет Боуз-Лајон, полагале часови по пукање на теренот во Бакингемската палата, како подготовка во случај на напад на нацистите во Втората светска војна.

„Кралот очекува германските падобранци да се појават во секој момент. Никогаш не одат никаде без оружје во колите. Тој испраќа пораки дека нема да бегаме“, вели еден од нивните професори.

За време на лекцијата, тогашната кралица позната како Елизабета кралица мајка, користела кучиња кои биле уловени во самата палата.

Говорејќи во интервјуто од пред четири години, една од роднините на покојната кралица, Маргарета Родс, открила како членовите на кралското семејство, користеле инсекти-штетници, за да станат подобри во пукањето.

„Кралицата Елизабета научила како да пука од пиштол во градината на Бакингемската палата“, изјавила Родс за „Би-Би-Си“.

Во документарецот исто така се открива како кралот Џорџ VI активно работел во името на британската известувачка служба и бил во целост известен за тајното планирање на Операцијата Оверлорд, кодното име за Денот Д – истоварањето во јуни 1944 година, настан кој оваа година ќе одбележи 75 годишнина.

Ова била една од завршните операции од Втората светска војна, со која започнала офанзивата на сојузниците врз силите на Нацистичка Германија од запад, и нивно постепено повлекување кон исток, кон Германија, од претходно окупираните територии на Франција, Бенелукс и Данска.

Главницата од сојузничките сили ја сочинувале американски, британски, канадски и француски единици. Целовкупната флота ја чинеле бродови од 8 различни земји, вкупно 6.939 бродови (1.213 воени бродови, 4.126 транспортни бродови и 1.600 бродови за поддршка, вклучувајќи ги и трговските бродови).

Истоварот на сојузничката војска започнал во 6 часот и 30 минути наутро кога 5.000 бродови и 10.000 авиони тргнале во напад.

Scroll to Top