Крузер од Норвешка со околу 1000 патници поради механички проблеми, удрил во пристаништето на Порторико и целосно ги потопил столбчињата наменети за да се врзат сидрата.
Крузерот пловел кон Девствени Острови, но за време на третиот ден поради дефектот морале да се закотват во Сан Хуан во престолнината на Порторико. Според официјално соопштение, ветерот го туркал крузерот кон брегот.
„Нема повредени, но соработуваме со локалните власти за да ја процениме штетата“, велат од норвешката компанија, која го има произведено крузерот.
Бродот ќе остане во Порторико додека не се завршат сите поправки. Потоа ќе се врати назад на Флорида. Патниците нема да ги видат Девијачките острови, а засега од компанијата се немаат огласено дали ќе им ги вратат парите за уплатените карти.