(Видео) Литванката Одета Аутукаите ја има најдолгата коса на светот

Литванката Одета Аутукаите (26) победи на годинашното натпреварување „Најдолга коса на светот“, во Литванија. Одета беше во конкуренција со уште 184 натпреварувачки.

Нејзината коса е долга 156 сантиметри и е подолга од голф палка. Може да се замота околу едно тркало на автомобил, пишува агенцијата Ројтерс.

„Не ја очекував оваа победа, затоа што долго време не ја мерев својата коса“, изјавила Одета.

Литванката сепак е далеку од досегашниот апсолутен рекорд на ова натпреварување, кој е поставен во 2013 година, кога победничката имала коса со должина од 245 сантимтри.

 

 

Scroll to Top