(Видео) Луксузот во кој живее Ким Џонг ун

Рускиот новинар Валери Шарифулин имал можност да види во каков раскош живее севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун. Тој за време на службената посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Северна Кореја добил можност да влезе во домот на Ким Џонг ун.

Точната локација на резиденцијата не е позната, освен што се знае дека неговиот дом се наоѓа во близина на главниот град Пјонгјанг.

Фотографиите покажуваат модерна градба уредена во минималистички стил, опкружена со прекрасни градини, а се верува дека севернокорејскиот лидер поседува и десетина недвижности во главниот град.

На една од фотографиите на прикажаното издание, паркиран е и црн мерцедес.

Scroll to Top