Во германскиот град Солинген дваесет и седумгодишна мајка си ги отрула своите пет од вкупно шесте деца кои ги имала, а потоа се обидела да се самоубие, фрлајќи се под воз.
Таа се фрлила на пругата во Дизелдорф, на 30 километри од нејзиното место на живеење. Полициските извори наведуваат дека децата биле отруени со таблети.
Германската полиција вчера ги пронашла петте деца во нивниот стан. Шестото и најстаро дете, единасетгодишниот син, е жив и се наоѓа на сигурно со неговите роднини, пренесува порталот „Индекс“.
Локалните медиуми јавуваат дека најстариот син со воз се обидел да стигне кај баба му. Попатно ја нашол мајка му на станицата во Дизелдорф, каде таа пробала да се фрли под воз.
Полицијата вели дека бабата ја повикале во 14 часот. Самите работници и итните служби биле трауматизирани од она што го затекле во станот.
Тие се обиделе да ги реанимираат децата, но биле предоцна. Засега не е познато дали преживеаното дете сведочело на настаните во станот.
Портпаролот на полицијата, Штефан Вејанд, изјавил дека се работи за трагичен настан и додал дека мајката сè уште е во состојба за испрашување.
„Не знаеме како и зошто дошло до ваквиот злостор“, изјавил Вејанд за WDR.