(Видео) Македонец освои 50.000 долари по победата во рингот

Македонскиот борач од Австралија, Алекс Велики Волкановски заработи 50.000 долари по победата која ја оствари во рингот против Чад Мендес. Алекс во ултимејт фајт-серијата (УФЦ) по само четири минути направил нокаут.

„Само сакав да победам и да се искачам на ранглистата борци во мојата категорија. Ова беше борба што ја посакував иако бев свесен дека Мендес е најтешкиот противник во мојата дивизија. Тој е фантастичен, но јас сум Александар Велики и никој не ми може ништо“, изјави по мечот Волкановски.

По овој дуел Алекс се етаблирал меѓу најсериозните кандидати за борба за шампионскиот појас. Алекс сега има скор од 19 победи и еден пораз во мешани боречки вештини (ММА), односно ова беше негов 16-ти триумф по ред.

Scroll to Top