Навивачи од навивачката група „соколи“ од косовскиот град Гњилане го запалија македонското знаме пеејќи песни со навредлива содржина за Македонија и извикувајќи пароли „Голема Албанија“.
Вечерта слична ситуација и во Пеќ. Група граѓани заедно со семејството на еден од осудените протестираа во градот и го запалија македонското знаме извикувајќи пароли против Али Ахмети и Македонија. Интересно, целиот протест и чинот на палење на знамето беше пренесуван во живо на една косовска телевизија.