Претседателот на Франција Енануел Макрон синоќа бил итно евакуиран со својата сопруга Бриџит од театар во Париз, кога група демонстранти се обидела насилно да влезе внатре. Повеќе од 30 антивладини демонстранти се обиделе да влезат во неодамна реновираниот театар Bouffes du Nord, откако дознале дека во него ќе биде Макрон.
Полицијата со опрема за разбивање на демонстрации итно реагирала, а Макрон и Бриџит биле евакуирани. Додека претседателската колона на автомобили со силно обезбедување ја напуштала улицата пред театарот, демонстрантите кои биле на улиците протестирале против најавената реформа во пензискиот систем.
Во некои од извештаите на тамошните медиуми е наведено дека Макрон и Бриџит на почеткот со обезбедувањето ја напуштиле салата, а неколку минути подоцна се вратиле на своите места во публиката за да ја догледаат претставата до крај.
Кога обезбедувањето проценило дека ситуацијата со демонстрантите ескалира, одлучено е претседателската двојка да го напушти театарот.