Лекарите морале да и ја ампутираат ногата на Американката Пејџ Винтер по здобиените повреди од нападот на ајкула во водите покрај плажа во Атлантик Бич во Северна Каролина. Пејџ останала жива благодарејќи на херојскиот подвиг на нејзиниот татко Чарли поранешен американски маринец, пожарникар и болничар.
Чарли Винтер петпати ја удрил ајкулата со боксови и успеал да и го одвлече вниманието и да ја избрка од крајбрежјето. „Би-Би-Си“ пишува дека Чарли скокнал во водата кога ја забележал ајкулата како пливала покрај неговата ќерка. Ајкулата и нанела тешки повреди на Пејч, по што морала веднаш да биде префрлена во болница.
Нејзината баба подоцна и соопштила дека нејзината внука е жива благодарние на храброста на нејзиниот син кој успеал да ја избрка ајкулата удирајќи ја во главата неколку пати.
‘I will be OK,’ says Paige Winter, the 17-year-old recovering from serious injuries after a shark attacked her off a North Carolina coast. pic.twitter.com/BysuNnQkUD
— 3rd Hour of TODAY (@3rdHourTODAY) June 4, 2019
Медиумите пишуваат дека Пејџ била посветена на заштита на океаните и морскиот свет и дека е во стабилна состојба. Од болницата таа преку социјалните мрежи порачала дека се надева дека луѓето ќе продолжат да ги почитуваат ајкулите и нивното живеалиште.