(Видео) Маж се запалил во паркот покрај Белата куќа

Непознато лице се запалило и трчало по тревникот во паркот што се наоѓа недалеку од Белата куќа во Вашингтон. Драмата се одвивала околу пладне според локално време.

Морала да реагира и полицијата ангажирана за чување на паркот. Обезбедувањето веднаш го изгаснало човекот и му била укажана лекарска помош. Лицето со сериозно повреди веднаш било пренесено во најблиската болница.

Во соопштението на тајната служба на САД се наведува дека службениците реагирале во рок од само неколку секунди, пред човекот да биде пренесен во болница.

Засега никој не соопштува како дошло до овој инцидент и која е причината поради која човекот се запалил. На социјалните мрежи многумина коментираат дека овој момент наликувал на каскадерска сцена од филм.

 

Scroll to Top