(Видео) Мекгрегор го иницирал конфликтот по мечот со Хабиб

By

Нова снимка го открива моментот по кој настана вистински хаос по боксерскиот меч во Лас Вегас УФЦ кој се одвиваше меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

dobivaj vesti na viber

Снимките првично покажуваат дека и славниот Ирец учествувал во хаосот, но не го прикажуваат моментот каде тој прв удира еден од луѓето на Хабиб.

Тепачката изби откако Нурмагомедов го порази Мекгрегор во главната борбена на вечерта и скокна од кафезот за да влезе во пресметка со тренерот на Ирецот.

Во хаосот што следувал некои од тимските колеги на Хабиб го нападнале Мекгрегор, но снимка од друг агол покажува дека пред тоа и самиот Мекгрегор се вклучил во пресметка со еден од членовите на тимот на Нурмагомедов.

По невидениот хаос и смирување на страстите и преговарања, Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор, ја напуштија салата со посебна полициска заштита. Претседателот Дана Вајт одбил да го стави појасот околу половината на Хабиб сметајќи дека на тој начин ќе настане уште поголем хаос ако го направи тоа.

„Истрагата е во тек. Задржан е персоналот на Хабиб, но не и на луѓето на Конор Мекгрегор“, изјавил Вајт.

Хабиб подоцна на прес конференција се извинил за своето однесување, но се бранел дека сето тоа било резултат на провокациите на Мекгрегор. Тој вели дека го исмевал поради неговата вера и националност. Исто така изјавил дека му го навредувал и татко му.

Мекгрегор не се појавил во јавност откако му било допуштено да ја напушти Арената, но веќе одлучил дека нема да поднесе обвинение против тројцата соработници на Хабиб, кои го нападнале. Наместо тоа објави кратка порака на Твитер.

„Добар удар. Се радувам на реваншот.

Но, новата снимка дава одговор зошто Мекгрегор се откажал од подигање тужби против луѓето на Хабиб. На снимката се гледа како Кобор тргнал по Хабиб откако тој ја прескокнал оградата. На оградата покрај себе забележал човек од тимот на Хабиб кој го удрил на подмолен нчаин. После тоа настанал целиот хаос.

Ќе ви се допадне