Лука Модриќ беше вистинска ѕвезда за време на трансфер периодот, но сепак на крајот Хрватот одлучи да остане во Реал Мадрид. Целата сага околу Хрватот ја следеа навивачите кои испратија порака за него на првиот меч кој го загира во дресот на „кралскиот клуб“.
Лука Модриќ по 77 дена за прв пат заигра за Реал во пријателскиот меч против Милан. Последните денови се чинеше дека со сигурност финалето во Лига на Шампиони 2018 ќе биде последниот негов меч за овој клуб.
Навивачите го поздравија со громогласен аплауз.
Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Милан во Мадрид со 3:1 (2:1) и го освоија „Трофејот Бернабе“. Веќе во четвртата минута беше 1:1. Домаќините поведоа преку Карим Бензема во втората минута, а набрзо потоа изедначи Милан преку новото засилување од Јувентус, Гонзало Игуаин.
За ново водство на Реал се погрижи Герет Бејл во последните моменти од првото полувреме, додека конечниот резултат го постави Борха во 91 минута.