(Видео) Момче загина откако случајно падна во кафез со тигар во Зоолошката во Делхи

Дваесетгодишно момче по име Максуд, загина откако случајно паднало во кафез со тигар во Зоолошката градина во Делхи.

Снимката ја направил еден од посетителите. Тигарот го дотерал момчето до ѕидот, пред да го нападне. Некои од присутните се обиделе да му го одвлечат вниманието на тигарот, фрлајќи работи кон него, но, безуспешно.

„Изгледаше како ѕверот некое време си играше со својот плен пред да го нападне“, рекоа некои од нив по несреќата.

Scroll to Top