(Видео) Момчето кое ја преживеа несреќата со жичницата во Италија се разбуди од кома

Петгодишното момче Ејтан Бриан, кој беше единствениот преживеан во падот на жичницата во Италија, несреќа во која загинаа 14 лица, меѓу кои и неговите родители, се разбуди од кома во болницата во Торино.

Првото нешто што ги прашал лекарите биле каде се неговите родители, пренесуваат медиумите. Во несреќата загина целото негово семејство, неговиот татко, мајка, помал брад и прадедото и прабабата.

Ејтан цела недела се наоѓал во болница и бил на единицата за интензивна нега, но лекарите велат дека сега можел да дише без помош на апарати, иако има потешкотии со говорењето. Кога се разбудил, покрај него била неговата тетка Аја (41).

Ејтан се пожалил на болки во грлото, а потоа прашал каде се наоѓа. Засега не се знае дали лекарите му кажале за загубата на семејството иако тој често прашува за нив.

„Неговата тетка е постојано со него“, изјавил шефот на болницата.

Ејтан добил голем број подароци во болницата, а веќе три семејства се понудиле да го згрижат кај нив дома. За потсетување, три лица се притворени во затвор, вклучувајќи го и шефот на жичницата, поради падот на жичницат во Италија.

„Јас сум виновен за сѐ“, изјавил тој и објаснил дека тој ја оставил виљушката на жичницата, која била причина за несреќата, за да го избегне доцнењето на жичницата. Истражителите тврдат дека деактивацијата на кочницата ја одобриле неговите поискусни колеги.

Несреќата се случила откако Италија ги попушти мерките за ограничување во врска со пандемијата на коронавирусот и ги отвори вратите за туристите.

Scroll to Top