(Видео) Момчето што го фати крстот во Делечво ја донираше наградата на сиромашно семејство

Васе Панчовски, момчето кое го фати крстот реши да го донира телевизорот, кој го доби за награда, на сиромашно семејство од Делечево, пренесува 365.мк.

„Во консултација со моите пријатели, решив телевизорот да го дадам на семејство на кое му беше потребно. Во чест на празникот доделивме и икона Богојавление. Нека им е честит празникот на сите граѓани“, изјавил Панчовски.

Од семејството му се заблагодарија на Панчовски за телевизорот и на сите граѓани им посакаа добро здравје, среќа и успех во годината.

Панчовски вторпат го фаќа крстот во Делчево. Минатата година тој фати крстот во водите на реката Брегалница, за што исто така доби награда телевизор и десет илјади денари.

Scroll to Top