(Видео) На Антарктикот почна да пука најважниот глечер во светот наречен Судниот ден

На Антарктикот почна да пука најважниот глечер во светот наречен Судниот ден, предупредија научниците. Сателитски снимки покажаа дека тој се топи многу побргу отколку во 90-тите.

Пред 20 години оваа област се сметаше дека тежи речиси 500 милијарди тони, но сега драматично се откина од антарктичкиот континент и се распарчи на илјадници ледени делови во Веделовото Море.

Беше познато дека ледениот гребен наречен Ларсен Б од 1.255 квадратни милји (3.250 квадратни километри) се топи бргу, но никој не можеше да предвиди дека само за еден месец тој целосно ќе се распадне и неговата дебелина од 200 метри целосно ќе пукне.

Глациолозите, односно научниците што го истражуваат мразот,  велат дека се шокирани од брзината и од размерите на колапсот. „Ова е вџашувачки. Тоа е скршено само од себе. Падна како ѕид и се скрши на стотици илјади парчиња“, коментираа глациолозите.

За потсетување, овој глечер е со површина на Британија и има доволно вода за да го подигне нивото на морето во светот за повеќе од половина метар. Придонесува со речиси 4 % од годишното глобално зголемување на нивото на морето и е познат како најважниот глечер во светот. Некои и го нарекуваатт Судниот ден.

Оваа недела глациолозите на состанокот во Њу Орлеанс предупредија дека нешто уште поалармантно се случува со ледената покривка на западен Антарктик, што е огромен слив со мраз на полуостровот Антарктик. Многуте години истражување на тимови од британски и американски научници покажаа дека големи пукнатини се отвориле на врвот и под глечерот Твајтс, што е еден од најголемите во светот, и се стравува дека делови од него исто така може да се скршат сами од себе, а тој да пропадне во рок од пет години, можеби и помалку, пишува „Гардијан“.

Глечерот Твајтс го прави ледениот гребен Ларсен Б да изгледа како мраз. Тој е приближно 100 пати поголем и е со големина колку Британија и содржи доволно вода со која би се подигнало нивото на морето во светот за повеќе од половина метар. Придонесува со речиси 4 % од годишното глобално зголемување на нивото на морето и е најважниот глечер во светот, дури повеќе и глечерот Судниот ден. Сателитски студии покажуваат дека тој се топи многу побргу отколку во 90-тите години.

Топењето на глечерот Твајтс е загрижувачки, но има и многу други големи глечери на Антарктикот, кои исто така се повлекуваат, се разредуваат и се топат како што се загрева Јужниот Океан. Многумина се возджани затоа што Твајтс се однесува како тапа што им го блокира излезот до морето. Доколку Твајтс се распадне, научниците веруваат дека на другите глечери ќе им се забрза разместувањето, што ќе доведе до колапс на целата ледена покривка и до катастрофално глобално зголемување на нивото на морето, дури за неколку метри.

Дали и колку бргу тие глечери може да се стопат и да се претворат во вода се некои од најважните прашања. Нивото на морето бргу се зголемува: годишната стапка се зголеми повеќе од двојно од 1,4 mm на 3,6 mm помеѓу 2006 и 2015 година и се забрзува. Неколку милиметри годишно не звучат многу, но загубата дури и мал дел од Твајтс не само што би помогнало прогресијата дополнително да се забрза туку, веројатно, ќе ја зголеми сериозноста од појава на бура.

Доколку некогаш се урнат сите глечери на западен Антарктик, не постои крајбрежен град во светот кој со текот на времето не би бил соочен со катастрофални економски импликации врз животот и врз економијата.

Порано консензусот на глациолозите беше дека ќе бидат потребни векови глобално загревање пред да се скршат и да колабираат глечерите со големина на Твајтс, но толку бргу и неочекувано беше губењето на морскиот мраз на спротивниот крај на земјата на Арктикот и така ненадејна беше загубата на Ларсен Б, што сега се смета дека е можно таква иста појава да се случи многу бргу и на Антарктикот.

Губењето на мразот на Арктикот едвај влијае на нивото на морето бидејќи најчесто се формира на море, а мразот на Антарктикот сепак е главен на копното, така што секое топење го зголемува нивото на морето.

Пресвртната точка на ледениот гребен Ларсен Б се појави ненадејно. Како Твејтс и другите глечери реагираат на глобалното затоплување сè уште не е познато, но овие големи глобални физички процеси се во тек и може да се решат само со глобална акција.

Сепак, само еден месец по завршувањето на Cop26 во Глазгов, предупредувањето дека глечерот Твејт,с дебел 300 метри и широк 50 милји, почна да пука, беше дочекан со молк од владите преокупирани од Ковид-19 и враќањето во нормала. Опасноста е дека многуте активности ветени во ноември за решавање на глобалното затоплување ќе бидат стопирани уште една година, а со тоа се очекува тие да станат само уште еден ризик плус во сѐ поопасниот свет.

 

Scroll to Top