На малиот лав Симба, еден фотограф му ги скршил нозете, за да не се поместува додека туристите го сликаат. Случајот до толку се рашири низ цела Русија, што истиот допре и до претседателот Владимир Путин. Тој веднаш наредил да се спроведе целосна истрага.
Симба бил само недела дена стар кога бил одвоен од неговата мајка. За да биде мирен пред туристите и за да не побегне кога ќе порасне, неговиот мачител му ги скршил нозете.
„Симба долго време бил изгладнувам, а од некоја причина постојано бил поливан со ледена вода. Тоа било вистински пекол за него“, изјавила Јулија Агејева, од организацијата која го спасила.
Ветеринарот Карен Далакјан сподели снимки од измачениот лав. Добри луѓе се одлучиле да му помогнат на измаченото животно, па Симба бил однесен на операција. Тој успеал малку од малку да се опорави. Дури и крзното малку му пораснало.
Но, покрај сè, лавот ќе има одредени деформитети до крајот на животот. Фотографот од Сочи негирал дека го измачувал животното, но и покрај тоа, истрага ќе има.
Ветеринарот изјавил дека опоравувањето на Симба, било вистинско чудо.