Најскапиот автомобил во светот беше претставен на саем за автомобили во Женева. Станува збор за моделот Bugatti La Voiture Noire, следбеник на легендарниот Bugattiju Type 57 SC Atlantic. Изложбата беше направена во негова чест.
Освен што Bugatti La Voiture Noire претставува најскап автомобил во светот, тој претставува и најскап автомобил на сите времиња. Возилото било однапред продадено за 16,7 милиони евра.
Bugatti La Voiture Noire е окарактеризирано како ултимативен GT автомобил, а базиран е на стандардната верзија Bugattija Chiron.
‘La Voiture Noire’. Take a look at it from all angles! #Bugatti #BugattiAtlantic #Type57SC #BugattiHistory #BugattiStory #LaVoitureNoire #AutomotiveHauteCouture #Bugatti110Years #Bugatti110Ans #GenevaInternationalMotorShow #GIMSSwiss pic.twitter.com/7qDbq36LUI
— Bugatti (@Bugatti) March 5, 2019
Во склоп на своето име, возилото е офарбано во црна боја, а неговата карисерија е рачно изработена од јаглеродни влакна. Од Бугати велат дека во моментите на дизајнирање најмногу внимание посветиле на аеродринамиката на возилото, за да има колку е можно повеќе флуидна линија.
За погонот е употребен мотор 8.0 W16 Quad turbo, кој испорачува 1500 коњски сили.