Почнува сезоната на снег и мраз, кога стаклата на автомобилот замрзнуваат преку ноќ, па тешко ни е да ги исчистиме наутро. Никогаш не ги залевајте ледените прозорци со жешка вода бидејќи може да распукаат, особено ако веќе имаат мали оштетувања. Најлесниот начин да ги исчистите е со алкохол и вода.
Ставете во шише со распрскувач алкохол и вода во сооднос 2:1 и испрскајте го замрзнатото стакло. За неколку секунди мразот ќе омекне и лесно ќе го отстраните.
Ставањето картон на прозорците е голема превенција, така што тие воопшто не замрзнуваат. Можете исто така да ставите стара крпа наместо картон.