(Видео) Најскапиот замок во светот, јахтата на Гејтс, слики од Да Винчи кои вредат повеќе од фудбалскиот клуб Њукасл, што сè поседува арапскиот принц Мохамед бин Салман

Од неодамна арапскиот принц Мохамед бин Салман, го украде вниманието со купувањето на премиерлигашкиот фудбалски клуб Њукасл. Тој рече дека не сака да се меша во политиката на клубот, но, важно му е фудбалерите да си ја сватат сериозно работата и да ги оправдаат платите кои ќе ги добијат за освојување на трофеите.

За принцот се вели дека речиси да нема нешто материјално, а што тој не може да го купи. Неговото лично богатство се проценува на 1,3 трилиони долари. Ако нешто му фали, тој слободно може да позајми од семејната касичка, која се проценува на неверојатни 1.300.000.000.000 долари.

Во рамки на богатството спаѓаат и сликите од Леонардо да Винчи. Само за илустрација, сликата на Салватор Мунди (Спасителот на светот), принцот ја плати рекордни 450 милиони долари. Тој се почести и со замокот на францускиот крал Луј XIV, кој се смета за најсап во светот. Исто така ја поседува и една од најдолгите суперјахти на светот.

За потсетување, принцот имаше мали проблеми во купувањето на премиерлигашкиот фудбалски клуб Њукасл, поради негативната кампања која се водеше против него, поради наводната вмешаност во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Кашоги беше познат по тоа што пишува текстови и колумни против принцот и Саудиското кралско семејство. Против неговото превземање на клубот, беше и вдовицата на убиениот новинар.

 

Scroll to Top