(Видео) НАСА го претстави новиот скафандер со кои космонаутите ќе слетаат на Месечината

Астронаутите на НАСА во 2024 година ќе слетаат на Месечината во нови специјални оддела, скафандери. Од Американската Национална воздушна-вселенска агенција, ја претставија новата опрема и изјавија дека за четири години повторно ќе ја исполнат желбата на претседателот Доналд Трамп, повторно да слетаат на Месечината.

Двајца претставници на НАСА во Вашингтон се појавија во новите два скафандери и ја демонстрираа удобноста и функционалноста на костимите. Тие правеа и склекови пред публиката и покажаа како би изгледало движењето на земјиниот сателит каде гравитацијата е многу послаба за разлика од Земјата.

Слетувањето на Месечината ќе се одвива во рамки на програмата Артемис, велат од НАСА.

„Ова е првиот костим што сме го изработиле последниве 40-на години. Денеска гледавте прототип на „компресиски костими“. Системот за одржување на живот е во лабораторијата во Хјустон. Сакаме да им овозможиме на нашите астронаути да бидат и научници на површината на Месечината, рече Крис Хансен, директор во Одделот за конструирање вселенски костими при НАСА.

 

Scroll to Top