НАСА почна да објавува снимки на Јутјуб од вселената во голема резолуција – 8К.
Во снимките од вселената кои НАСА редовно ги објавува се опфатени голем број на детали. НАСА почна да поставува 8К на снимките за да ни го претстави доживувањето од вселената во уште поубаво светло.
Вселенската агенција објави видео снимено од Меѓународната вселенска станица, која дава целосно нов поглед на ураганот, Месечината па дури и научните експерименти.
„Оваа нова снимка ги покажува приказните за летовите во вселената со повеќе детали од претходно. Технологијата на камерата продолжува да напредува, а можнста да ја видиме нашата планета волку детално, е добра работа“, вели Дилан Матис од НАСА.