Јавноста во Босна е згрозена од видеото што излезе во јавност во кое воспитувачката Амила Хасечиќ малтретира деца во градинка во Сараево. Немилата случка била снимена од надзорните камери поставени на ѕидовите во просторијата.
Еден од родителите на малтретираните деца кој успеал да стигне до снимката истата ја споделил на Фејсбук, со предупредување до сите родители да внимаваат како нивните деца се третирани во градинките. Родителот пишува дека секој родител треба да ги следи знаците што ги даваат нивните деца и да реагираат веднаш во кога ќе почувствуваат дека нешто не е во ред.
На снимката се гледа како една од негувателките се однесува со децата како да се животни. Таа ги граба за рацете и нозете и ги преместува во друга просторија. Нејзините колешки воопшто не реагираат на нејзиното однесување.
Родителиое кој успеал да дојде до снимката добил уверување од директорот дека воспитувачките се отстранети од работа. Бесен поради тоа што неговото дете било малтретирано, тој стапил во контакт со негувателката одговорна за немилиот настан за да ја праша зошто го направила тоа.
Негувателката ги негирала обвинувањата, па дури и го пријавила родителот во полиција за закани преку телефон. Сепак, родителот инсистирал од полицијата и обвинителството да ја истражат целата работа до крај и да ги спасат другите деца од ваквите малтретирања во иднина.
Обвинителството постојано ги менувало обвиненијата, вкупно три, и по две години го отфрлило случајот затоа што сметало дека нема докази, а видеоснимката не била земена предвид затоа што не била набавена во согласност со процедурите.
Обвинета погрешна Амила Хасечиќ
ПО објавувањето на видеото, корисниците на Фејсбук упатија голем број заканувачки пораки до Амила Хасечиќ не знаејќи дека се работи за погрешна личност.
„Погрешната“ Амила Хасечиќ се огласи преку својот профил и ги повика пријателите да потврдат дека таа не е воспитувачката која ги малтретиралала децата. Вели дека нејзиното име била чиста случајност и дека и таа го осудува ваквиот чин.