(Видео) „Ноќните волци“ го минаа Кримскиот мост

Кримскиот мост официјално е отворен за сообраќај. Меѓу првите кои го минале од континенталниот дел на Русија до полуостровот биле официјалниот претставник од Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, и лидерот на „Ноќните волци“, Александар Залдостанов.

Колоната мотори и автомобили тргнала рано утринава, а први минале локалните жители, градителите на мостот, ветераните и официјалните претставници на Русија на чело со Марија Захарова.

„Во 6:00 часот на 16 мај 2018 година преминав од Таман до Керч преку Кримскиот мост. Незаборавно“, напишала Захарова на „Фејсбук“.

Пред отворањето на мостот во Керч на преминот се собрале неколку стотина автомобили. Колоната бајкери ја предводел водачот на „Ноќни волци“, Александар Залдостанов.

Настанот прераснал во вистински спектакл. Возилата и моторите биле украсени со руски знамиња, луѓето правеле селфиња, се снимале со камери и се слушале сирени“, пишува Спутник.

Кримскиот мост, кој го поврзува полуостровот Крим со континенталниот дел на Русија, е отворен за сообраќај во 5:30 часот по локално време.

Scroll to Top