(Видео) Нова година се славеше масовно на улиците во Вухан додека светот е во карантин

Граѓаните на Вухан, град во Кина кој важи за некогашно жариште на коронавирусот во светот, излегоа на улиците во голем број ноќеска, додека добар дел од остатокот од светот остана во своите домови за пречек на Новата година.

Фотографиите и видеата од Вухан го обиколија светот бидејќи жителите ги преплавија улиците за да ја пречекаат 2021 година, а повеќето, сепак, носеа маски како мерка на претпазливост иако во градот не е забележан пренос на Ковид-19 со месеци.


Постариот дел од населението беше на улица, а младите се одлучија за ноќните клубови.

Некои луѓе, кои беа излезени на улиците, изјавија дека внимаваат, но дека не се плашат.

Освен Кина, уште неколку азиски земји влегоа во 2021 година во 17 часот по средноевропско време, а меѓу нив се Филипините, Хонг Конг, Сингапур.

Scroll to Top