(Видео) Објавен е трејлерот за „Бел-Ер“, продолжение на култната комедија од 90-тите

Објавен е првиот трејлер за новото продолжение на комичната серија од 1990-тите, „Принцот од Бел-Ер“. Новата серија „Бел-Ер“ е драма на модерното време и е далеку посериозна од претходниот ситком.

Оригиналната серија, која се емитуваше шест години, во периодот од 1990 до 1996 година, ја следи приказната на тинејџерот (Вил Смит) кого мајка му го праќа кај тетка му Вивиен и нејзиното семејство во Бел-Ер, Калифорнија, за да се научи на одговорност и да стане посериозен.

И овде истото се случува, но во многу работи се разликува од претходната. Како на пример во конфликтот на кошаркарскиот терен е вклучено оружје, а криминалецот од Филаделфија го бара Вил, кој сега го игра Џабари Бенкс. А тетка Вивијан и тетинот Фил изгледаат многу помлади.

Вил Смит ѝ понатаму е вклучен во проектот, но како извршен продуцент, а не како актерска ѕвезда. Тој го објави трејлерот за „Бел-Ер“ на својот инстаграм-профил, а досега го погледнале повеќе од милион луѓе.

„Еве го! Нашиот прв трејлер е тука“, напиша тој во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

„Едвај чекам“, „Ова изгледа одлично“, „Изгледа како многу потемна верзија на оригиналот“, „Ми се допаѓа“, „Сè уште ми се допаѓа старата верзија“, „Изгледа потемно од оригиналот, но ќе ја погледнам“, „Мислам дека ќе биде добро“, коментираат фановите.

Scroll to Top