(ВИДЕО) Објавија неверојатна снимка и ги изнервираа мештаните – Нивното село го претворија во јавен тоалет

Марко Капедри и неговиот пријател Федерико Самбруни, објавија снимка која прикажува како во друштво на две девојки се бањаат во кристално чиста вода во реката Верзаска и уживаат и се освежуваат, скокајќи во реката од кањонот.

Атрактивните слики снимени се на локација која се наоѓа, како што напоменуваат, еден час патување од Милано и 45 минути од Варесеа.

Видеото досега е прегледано околу 2,6 милиони пати, па не чуди што мештаните на околните места во Лавертез, во Швајцарија доживуваат вистинска поплава на туристи кои сакаат да ги видат „миланските Малдиви“, пренесува Јутарни весник.

На многумина им ласкаше таквиот епитет, но не и на локалните жители кои ги обвинуваат туристите дека нивната идилична долина се претвори во „тоалет на отворено“, да „трчаат по улицата полуголи“, што секако резултира со актуелната реакција на мештаните на некои далматински места и на однесувањето на младите туристи желни за забава.

Градоначалникот Лавертезе Роберто Бациарини изјави за италијанскиот весник „Република“, дека видеото направило „добра рабтоа“ во привлекувањето на посетители, но, дка авторот на видеото сепак можел да ги повика своите сонародници да „прописно“ ги паркираат своите возила и ги почитуваат локалните правила“, пренесува BBC.

Погледнете го видеото:

Scroll to Top