(Видео) Огромен кит се насука на брегот на Белгија

Кит долг 18 метри преку ноќ осамна на плажата Ден Хан во Белгија. Сликата која утрината ја стекнаа случајните минувачи преку ноќ стана вирална на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Од Белгискиот кралски институт на природни науки, ваквиот настан го окарактеризираа како редок. Машкиот кит е тежок 35 тони, а прв пат бил забележан во морето во средата, пред неговото тело да исплива на брегот.

Оваа несекојдневна слика која денеска се појави на крајбрежјето на Северното море, веднаш била пријавена до надлежните, а на терен веднаш излегле и ветераните.

Тие го пресекле телото на китот на половина, а потоа со помош на асистенти го распарчиле животното.

Набљудувачите велат дека смрдеата од мртвата риба била неподнослива. Китот спаѓа во заштитените видови и е втор најголем цицач на светот по синиот кит. Сличен настан се случил и пред две децении.

 

 

Scroll to Top