(Видео) Огромен метеор ги исплаши Американците во Мисури

Голем метеор од 100 килограми ги исплаши жителите кои живеат во Мисури во САД. Надлежните велат дека небесното тело влегло со огромна брзина во атмосферата и го пробило звучниот ѕид. НАСА вели дека метеорот кој бил виден на небото над Сент Луис, потекнува од Појасот астероиди кои се наоѓале меѓу Марс и Јупитер.

Локалните медиуми известуваат дека експертите добиле помош од некои очевидци од Јужна Дакота и Минесота. Граѓаните направиле неколку снимки од метеорот. Од снимките било утврдено дека метеорот летал со брзина од 53.910 километри на час и предизвикал силен звук на експлозија, односно пробивање на звучниот ѕид.

Иако метеорот бил тежок 100 килограми, бил со големина на кошаркарска топка, велат астрономите. НАСА со помош на сателитски снимки измерила дека метеорот бил како огнена топка на небото и дека бил посјаен дури и од планетата Венера.

Бил Коук од НАСА, во Хантсвил во Алабама, изјавил дека метеорот се распаднал на неколку парчиња, на 19,3 километри над површината на Земјата.

Scroll to Top