На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од Белорусија, на кои голем број граѓани ги прегрнуваат полициските службеници, откако истите ги спуштија штитовите.
Во изминатите неколку дена во оваа земја се случија големи протести, предизвикани од изборите кои се случија во земјата.
Браво, Минск! pic.twitter.com/PhLs0BPEty
— Tiana CHE❌ (@TianaCHE) August 14, 2020
Откако состојбата се смири, некои од припадниците на интервентните единици во центарот на Минск, ги спуштија своите штитови, во знак на солидарност со демонстрантите на протестите.
Неколку илјади демонстранти се собраа на Плоштадот на независноста во Минск, барајќи оставка од претседатело на Белорусија Александар Лукашенко.
In front of government’s house in #Minsk #Belarus
❤️✊✌️
mainly ❤️ pic.twitter.com/WbYbUTtlMB
— Matthieu Henkens (@MattHenkens) August 14, 2020
Во Белорусија се одржаа претседателските избори на 9. август, а сегашниот претседател Александар Лукашенко, го осигура новиот мандат со 80.08% од гласовите, додека неговата главна конкурентка Светлана Тикановскаја, добила 10,09% поддршка од избирачите.
По објавата на резултатите, за кои демонстрантите сметаат дека се наместени, во голем број градови ширум земјата избија масовни протести кои во некои случаи ескалираа во конфликти со полицијата.