Тим научници се подготвени да тргнат во едногодишно истражување на сината дупка која се наоѓа во водите на Флорида. Сината дупка претставува збир на огромни пештери кои се формираат на морското или океанското дно и се сметаат за морски еквивалентни големи дупки.
Тие се формираат на Земјината површна, но научниците велат дека науката знае премалку за нив. Експедицијата, која ја поведоа истражувачи од лабораторијата „Моте Марина“, од Универзитетот „Флорида Атлантик“, Технолошкиот институт во државата Џорџија, Геолошкото друштво на САД и Националната управа за океани во атмосферата, се фокусира на проучување на сината дупка, позната како Зелена банана, која се наоѓа на 47 метри под површината и е многу длабока.
Научниците веруваат дека дното сместено во длабочините изнесува околу 137 метри.
„Ги има по целиот залив на Флорида. Дупките се со различна големина, длабочина и облик. Повеќето се богати со животински и растителен свет“, навеле научниците.
Тие се надеваат дека мисијата ќе им помогне да одговорат на некои од нивните прашања.
„Дали сините дупки се поврзани со подземните води на Флорида (вода под Земјината површина) или е дојдено до упад на подземните води во Мексиканскиот Залив? Ако сините дупки се во состојба да издвојат хранливи материи, дали тоа ќе влијае на производството на ова подрачје?
Се наоѓа ли дупката во некоја микрооколина, која во себе содржи нови или единствени видови микроорганизми? Проучувањето на Зелените банани настанале врз основа на слично истражување на друг вид сини дупки, кое се нарекува „дупка емберџек“.
Нуркачите и подводните експерти собрале примероци од оваа сина дупка. Тие во нив откриле дека содржат огромни количини стопен неоргански јаглерод, кој може да го поддржува животот за некои видови, вклучително и микробите.
„Овие микроби може да играат важна улога во глобалниот циклус на јаглерод во неговото враќање во околината и облик што другите организми може да си го дозволат“, соопштиле од американската Национална управа за океани и атмосфера.