(Видео) Откриена планета иста како Земјата

Сателит на НАСА открил открил нова планета иста како Земјата. Новата егзопланета ги има истите услови како на Земјата. Научниците ја нарекоа TOI700 d и таа е 20% поголема од Земјата. Научниците во НАСА велат дека новата планета е оддалечена од Сонцето доволно за да може на неа да има течна вода.

Новата планета е околу 100 светлосни години оддалечена од Земјата и кружи околу соѕвездието Дорадо. Таа претставува една од трите планети во системот. Научниците сметаат дека остантите две планети се гасовити и дека се 2.6 пати поголеми од Земјата.

Од НАСА сметаат дека само едната половина на новата планета е свртена кон Сонцето во секоја доба и дека врти околу својата оска околу 37 земјени дена.

НАСА го лансирала сателитот TESS во април 2018 година, со цел да открие планети надвор од нашиот Сончев систем. Сателитот барал планети на кои има само услови за живот.

Тој е составен за да ги лоцира планетите со големина на Земјата и планетите кои орбитираат околу соседните ѕвезди.  За ѕвездата TOI 700 во почетокот се мислело дека е жешка како Сонцето, и дека е невозможно на неа да има било какви услови за живот.

По деталниот преглед истражувачите забележале дека ѕвездата е релативно студена и мала. Научниците на НАСА сега вела дека откако новата планета е откриена, тие ја следат нејзината атмосфера и условите на површината.

Scroll to Top