Момчето од Бразил по име Жао Педро Мартинели Фонсек снимил необична појава додека патувал со родителите на фармата на својот дедо и баба. Откако ја објавил снимката се јавиле голем број теоретичари за тоа што би можело да станува збор, но сепак експертите веднаш ја решија мистеријата објаснувајќи дека станува збор за пајаци.
Необичниот феномен бил предизвикан од силното топло и влажно време. Пајаците кои на снимката изгледале како да паѓаат, всушност плетеле голема мрежа, која ја направиле со цел полесно да ги ловат инсектите со кои се хранат.
„Тоа е нивна тактика со која го зголемуваат подрачјето за ловење на храна. Обично станува збор за инсекти. Свилената мрежа делува како нивен падобран“, објаснил еден бразилски биолог за локалните медиуми.