(Видео) Патник се заканил дека ќе го разнесе авионот

Патник со експлозивна направа се заканил дека ќе го разнесе авионот кој летал на релација Москва – Владивосток. Веднаш реагирале патниците кои се нашле најблсику до него и успеале да го спречат во обидот за атентат.

Тој бил задржан се до слетувањето на авионот, по што бил приведен од полицијата.

Сводицте изјавиле дека мажот веројатно бил под влијание на алкохол, а од компанијата засега не ги соопштуваат мотивите за ваквиот инцидент. Сеуште не е познато дали против него ќе биде покренат кривичен процес.

Scroll to Top