(Видео) Патувал 2.500 километри за да ја изненади девојка си, па ја најде гушната со друг

By

Романтичен маж од Кина научи на потешкиот начин дека врските на долги растојанија обично не завршуваат добро.

dobivaj vesti na viber

На видеото објавено на социјалните мрежи, се гледа како  човек во костим ѝ приоѓа на својата девојка во трговскиот центар.

Видеото откако е објавено за многу краток време стана хит , а на него се гледа дека ја трга маската од мечка од главата и брзо заминува откако ја виде својата девојка во прегратките на друг маж.

Девојката брзо излезе од прегратката на другиот маж и трчаше по нејзиниот дечко во костим. Тој пак разочаран  поминал 2.500 километри за да ја изненади својата девојка на нејзиниот роденден.

Таа се обидува да го прегрне, но тој не сака. Потоа си ја врати главата на мечката, најверојатно за да ги скрие солзите од разочарување.

Ќе ви се допадне