Петгодишниот Греј Форестер од Тексас ја спасил неговата три години помлада сестра од давење. Фреј скокнал по двегодишната Енди, која паднала во базенот во нивниот семеен дом во Ноксвил. Таа преживеала благодарение на брзата реакција на Греј, велат нивните родители.
„Сè се случи многу брзо. Ги оставив сами само на пет минути. Кога се вратив ја видов Енди целата мокра. Влезе во куќата викајќи дека паднала во базенот“, раскажува нивната мајка Лора.
Греј ѝ објаснил на мајка си дека тој морал да се фрли по Енди за да ја спаси. Во спротивно ќе се удавела.
„Ја фатив за стомакот и се обидов да ја подигнам колку можам повисоко за да може да дише“, изјавил Греј.
Лора објаснила дека со сопругот неодамна се преселиле во новата куќа. Таа вели дека неодамна дознале за трагедијата со ќерката на олимпискиот скијач Бод Билер, која се удавила во семејниот базен.
„Откако заврши целата работа, постојано во главата ми се вртеше трагедијата со ќерката на Билер. Моравме да преземеме заштитни мерки, за децата бидат безбедни кога си играат покрај базенот. Подигнавме ограда и ставивме врата која свири кога ќе се отвори“, вели Лора.
Таа изјавила дека по инцидентот, ја запишала ќерка ѝ на часови по пливање.