(Видео) Пилот по грешка почнал да слетува на писта полна со патници

Националниот одбор за безбедност на сообраќајот во САД објави извештај за минатата година, во кој се наведува дека на аеродромот во Сан Франциско, избегната е голема трагедија во која можеле да настрадаат илјадници патници и членови на екипажот.

Причината е грешката на пилотот на авионот на Er Kanada кој почнал да слетува на писта на која веќе се наоѓале други четири авиони.

Пилотот кој го управувал авионот Ebraso А320 со 140 патници му било соопштено да слета на пистата 28R, но по грешка тој се подготвил за слетување на пистата C, на која имало веќе четири авиони полни со патници.

За тоа се пишувало минатата година, а сега е објавен и извештај во кој е објаснето која била причината за ваквиот епилог.

„Само осум метри ги делело од веорјатно најстрашната авионска несреќа во историјата. Успеал да ги прелета авионите, а потоа ја зголемил висината. Од кулата брзо реагирале велејќи му да го откаже слетувањето“, изјавил потпретседателот на Националниот одбор Брус Ландберг.

До грешка дошло затоа што пистите се наоѓаат паралелно една до друга, а членовите на екипажот не ги простудирале детално упатствата пред летот и за време на приближувањето на пистата. Исто така, пилотите не можеле да ја прилагодат фреквенцијата на системот за слетување, биле уморни затоа што премногу часови биле будни.

 

“Ух, контрола, само сакам да потврдам, Er Kanada 759 тука, гледаме некакви светла на пистата, ширум пистата, можете ли да потврдите дека можеме да слетаме?“, прашал пилотот, кој од контролната кула добил одговор, дека имаат дозвола да слетуваат на пистата 28R и дека нема никој на неа, освен нив.

„Потоа се слуша машки глас кој вели: Каде овој тргнал? Иде кон пистата за полетување“ и тогаш од кулата му кажале „Еr Kanada направи круг“.

Првиот авион од кој Er Kanada бил оддалечен само 24 метри бил Erbas Junajted erlajs Анимацијата ја направиле медиумската група „Беј ериа“, која детално објаснила како изгледал овој инцидент. За среќа на крајот се завршило добро.

Scroll to Top