На средината на деведесетите години од минатиот век, руските инженери направиле моќен пиштол, елегантен и еквивалентен за таа доба, од прочуената италијанска „Берета“. Овој пиштол денес го користат голем број специјални единци во градски услови, но и офицерите кои го обезбедуваат рускиот лидер Владимир Путин.
Руските инжнери отишле и чекор понапред и направиле пиштол кој е многу посилен и поефикасен во престрелките на мали растојанија. Резултатот ги надминал нивните очекувања, затоа што Федералната служба за обезбедување (луѓето кои го чуваат рускиот претседател), веднаш го одбрале новиот SR-1 „Вектор“, за свое вооружување.
Од друга страна, ова оружје е забрането во САД, поради својата исклучителна воена моќ. Во Русија, овој пиштол станал познат под името „Ѓурза“, (по змијата отровница, Macrovipera lebetinus).
Новиот пиштол користи куршумите од калибдот 9×21 mm, така што има одредена предност во однос на калибарот 9×19, кој е стандарден за европските пиштоли како што се моделот „Берета“ и „Глок 17“. Според куршумите, SR-1 e дури и помоќен од современите стандардни руски пиштоли „Јаригина“ и „Макарова“.
Куршумите за новиот пиштол SR-1 пробива 3- слоен кевлар, кој се користи кај стандардните панцири, кои се користеле во периодот на деведесетите години. Покрај тоа, ова оружје, може да пробие челична плоча дебела 4 милиметри, од 50 метри растојание.
На оперативците кои го чуваат рускиот претседател, овој куршум им дава одредена предност, во потенцијалните вооружени пресметки на ограничен простор. Покрај предноста, ова оружје има и свои недостатоци. Куршумот е доволно моќен да пробие и современи панцири, но, токму поради тоа, тој потенцијално, покрај непријателите, може да погоди и случајни минувачи.
„Протоколот на Федаралната служба за обезбедување, не обрнува внимание на можноста на случајни жртви. Телохранителите се обучени да ги избегнуваат, но, нивната главна задача е да ги заштитат лидерите на своите земји по секоја цена. Доколку има неочекувани жртви, а лидерот се чувствува добро, тогаш сè ќе се заврши со интерна истрага, без никакви поголеми последици“, вели главниот уредник на списанието „Арсеналот на Татковината“, Виктор Мураховски, за порталот Russia Beyond.
Според него, толкава огнена моќ не е загрижувачка за руските офицери во домашни услови, но тоа е проблем по посетата на други држави, затоа што цела низа на земји, ја имаат забрането ваквата примена на пиштоли на својата територија.
„За време на голема огнена моќ, ниту Американците не им е дозволено да го користат ова оружје на нивна територија. Така што на припадниците на Федералната служба за обезбедување, на ваквите патувања мораат да носат пиштоли со калибар 9×19мм“, додава Мураховски.
„Јас лично го имам видено пиштолот SR-1, за време на едно деловно патување, кога бев во посета на неговите креатори во бирото за индустриски дизајн на Централно научноистражувачкиот институт за прецизно машинство“, вели Мураховски.
Кога станува збор за надворешниот изглед на пиштолот, мора да се признае дека ова оружје нема стил и елеганција како италијанската „Берета“. Пиштолот SR-1 е направен од тешки и груби метални легури, со рапави агли. Просечен стрелец со SR-1, не може да ја добие онаа брзина, која би ја имал со моделите „Глок 17“, или „Берета“.
Од друга страна, овој питшол има огромна предност во однос на елегантните европски пиштоло, кога е во прашање сигурноста. SR-1, како и AK-47, е направен да функционира за сите можни ситуации и услови. Секој примерок минува низ цела низа на екстремни тестирања, во услови на максимална оптеретеност и загадување.
Пиштолот со часови се тестира во машини, кои симулираат екстремни временски услови како што е, високата влажност, високата температура и арктички студ. Примерокот кој нема да помине во било која фаза, завршува во рециклажа.