(Видео) Плоча мермер на патот кон Плетвар

На фејсбук-страницата на „Ѕидот на сообраќајниот срам“ е споделено видео од плоча мермер која веројатно паднала од камион на средина на патот што води кон Плетвар.

Во подолните коментари фановите пишуваат дека парчето мермер и испаднато од камион и дека службите морале веднаш да реагираат затоа што може некој да настрада.

Други не се воздржаа да се потсмеваат, па во некои од коментарите напишале: „Нашата чудесна земја“, „Внимавајте, на Плетвар има парче мермер паднато од небото“, „Сигурно е некој метеор“, „Каков двор се прави со оваа коцка“ и слично.

Scroll to Top